Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Јаневска: Предметите историја и географија се вратени во образовниот систем, испечатени се учебници и зголемени се платите на наставниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
janevksa

Во рамки на вечерашната трибина насловена „Образование и социјална политика, ги градиме темелите на промените“ свое обраќање имаше претседателката на Комисијата за образование и наука и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа истакна дека во изминатите години се правеле експерименти во образованието, како што кажа, од немање учебници до концепти каде што ја нема историјата, како и незадоволни наставници, професори, деца и родители. Министерката додаде дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата заедно со Министерството за образование ги поставиле темелите за изградба на еден силен национален систем.

— реклама —

„Не само што немаше учебници, ние снемавме и деца, тоа е резултатот на седумгодишното владеење на претходната власт. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заедно со Министерството за образование, ги поставија темелите за изградба на еден силен, модерен, национален систем, ефикасен, конкурентен со другите држави, кој би бил на задоволство на сите чинители, сите фактори кои се вклучени во тој систем, а со една единствена цел, стекнување на поголемо знаење, ефикасност и максимална инклузивност“, нагласи министерката Јаневска.

— реклама —

Јаневска информираше дека во образовниот систем вратени се националните предмети историја и географија, иако минатата власт се обидувала да ги избрише, односно да ги интегрира во некаков замислен систем.

„Со оваа цел тргнавме речиси од ништо, со огромни долгови. Затекнавме 5 милијарди долг, немаше учебници, се помалку ученици. Она што прво го направиме, а тоа е делувавме политички, ја вративме историјата и географијата како национален предмет во образовниот систем кои се обидоја со гумичка да ги избришат, всушност да ги интегрираат во некаков замислен систем. Испечативме учебници и за прв пат годинава ќе имаме после 7 години учебници за странски јазици, и учебници по секој предмет што нашите деца, наставници и родители секако ги заслужуваат“, децидна е Јаневска.

— реклама —

Јаневска истакна дека бил направен голем и крупен чекор со којшто ја вратиле довербата во институцијата Министерство за образование и наука, но секако и во Владата, бидејќи претходната власт оставила хаос и разурнати институции.

„Дадовме порака на главната алка во тој систем, а тоа се наставниците со подигање на платата во период од шест месеци за повеќе од 12%, но поважното е што ние веднаш по доаѓањето на власт потпишавме четиригодишен договор за постојано покачување на платата на наставниците. Следните четири години секоја година ќе има покачување на платата на наставниците. И секако некаде повеќе од 14% на наставниците во високото образование“, заклучува Јаневска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqfvs7s7opoht2jSNOlr

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче секоја навреда ја претвора во комплимент

Македонија | пред 10 часа

media-library24unaho4uq2vagKdgFZ

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска беше играч на СДС, нека не глуми жртва

Македонија | пред 1 ден

media-library18hh3sd60oh9ck1WVfx

Петрушевски: Јавното обвинителство треба да работи во интерес на граѓаните, а не на поединци

Македонија | пред 2 дена

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС давале наредби во судството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања