Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС давале наредби во судството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, обвинувајќи дека токму СДСМ и нивното раководство во минатото давале наредби во правосудниот систем.

„Единствени во државата кои даваа наредби на правосудните органи за тоа кој да биде гонет, а кој изземен од судски случаи се СДС, Заев и неговата дружина“, се наведува во реакцијата.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека ваквите тврдења, како што велат, се поткрепени со сведоштва на обвинители од поранешното Специјално јавно обвинителство.

— реклама —

„Сведоштвата на Кадриу, обвинителка во поранешното СЈО, велеа дека Заев, Шеќеринска и луѓе блиски до тогашното раководство доаѓале во канцелариите на СЈО и кажувале кој да се суди, а кој не“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата се додава дека актуелната власт нема намера да го повтори, како што велат, моделот на претходната власт.

— реклама —

„СДС мора да разбере дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се однесува како нив. Ако тие го партизираа судството и обвинителството и си поставуваа послушници, ние тоа нема да го правиме“, велат од партијата.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека нивната цел е враќање на довербата во правосудниот систем преку, како што наведуваат, професионалци.

„Луѓе кои се докажани професионалци ќе си ја земат работата во свои раце и ќе ја вратат довербата во правосудниот систем“, стои во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања