Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за Националноослободителната армија се скандалозни и претставуваат отворена провокација кон националните чувства на Албанците“, соопшти Алијансата за Албанците – крилото на Зијадин Села.
Од партијата обвинуваат дека Мицкоски се обидува да негира и забрани „славен дел од историјата“, и додаваат дека досега премиерот „поништил многу права и достигнувања“.
„Она што нè загрижува уште повеќе е молчењето на Албанците во Владата, кои очигледно сакаат да го поминат ова со релативизации, па можеби дури и со напади врз Албанците како што правеа досега“, велат од Алијансата.
Тие предупредуваат дека ваквите изјави се опасни за стабилноста, меѓуетничките односи и европската перспектива на земјата.