Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кривична пријава за местење на натпревар меѓу „Кожуф“ и „Башкими“, едно лице уапсено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

МВР поднесе кривична пријава против седум лица поради местење на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, одигран на 6 мај 2025 во Гевгелија. Едно од пријавените лица е лишено од слобода и спроведено во ОЈО Гевгелија.

— реклама —

Според истрагата, првопријавениот Б.Х., претседател на ФК „Башкими“, со цел клубот да избори пласман во Првата македонска лига или бараж, го намамил спортскиот директор на ФК „Кожуф“ П.Ѓ. да ги запостави интересите на својот клуб и на ФФМ. Преку посредник – фудбалерот А.Ј. – била договорена средба на која Б.Х. на П.Ѓ. му дал 10.000 евра како „подарок“ за да влијае врз исходот на натпреварот.

— реклама —

По примањето на парите, П.Ѓ. преку тренерот С.Г. влијаел врз тројца фудбалери на „Кожуф“ – Б.К., Ј.П. и К.С. – кои прифатиле да не се залагаат максимално за време на мечот. Натпреварот завршил со резултат 1:2 во корист на „Башкими“, што им донело три бода и пласман на третото место во Втората лига, обезбедувајќи им место во баражот за Прва лига.

— реклама —

Сите осомничени се товарат за кривични дела „измама“, „неовластено давање или примање подароци“ и „соизвршителство“ по Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 2 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 4 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 4 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања