Скопје

Пожар во фабрика во Скопје, пет полицајци завршија во болница

На 01.04.2019 во 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено било дека во фабрика во село Трубарево, скопско, настанал пожар во фабрика за пластика. Поради задушување од чад, во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле пренесени пет полициски службеници на кои им била укажана лекарска помош и биле пуштени на домашно лекување.

Во 06.50 часот на 02.04.2019 пожарот бил изгаснат од страна Бригадата за противпожарна заштита.

На почеток