Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Платите се 35 отсто од европскиот просек, а цените над 60 проценти – животниот стандард тоне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
bogdanka

Животниот стандард на граѓаните постојано опаѓа, платите стагнираат, а цените растат – оцени СДСМ на денешната прес-конференција. Портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, истакна дека Владата на Христијан Мицкоски ги запрела политиките на континуирано зголемување на платите што ги водеше СДСМ, доведувајќи ги граѓаните „до точка на преживување“.

— реклама —

„Просечната плата во Македонија денеска изнесува само околу 35% од европската просечна плата, односно една третина. Од друга страна, цените достигнуваат над 60% од европскиот просек. Тоа значи дека граѓаните во маркет, на пазар, во продавница плаќаат речиси европски цени, а мора да живеат со трипати пониски плати“, рече Кузеска.

— реклама —

Таа посочи дека синдикалната потрошувачка кошничка во август изнесувала 65.507 денари и дека „двајца вработени со минимална плата во едно семејство немаат доволно пари да ги покријат основните месечни трошоци“.

— реклама —

„Минималната плата во Македонија е меѓу најниските во Европа и регионот. Во БиХ минималната плата е 511 евра, во Србија 500 евра, во Црна Гора од 600 до 800 евра. Во Македонија, со власта на Мицкоски, минималната плата се држи на дното, иако требаше одамна да достигне 500 евра“, нагласи таа.

СДСМ смета дека „погрешните економски политики на оваа влада ги заковаа платите и животниот стандард на дното во Европа“ и критикуваше дека во буџетот од шест милијарди евра нема пари за граѓаните, но има за „луксузирање на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ“.

Кузеска порача дека потребни се итни мерки:

зголемување на сите плати,

покачување на минималната плата на 500 евра,

укинување на ДДВ за храната, како што предлага СДСМ.

„Тоа се единствените реални политики за достоинствен живот на работниците и граѓаните“, рече портпаролката на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Македонија | пред 2 минути

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е на колена

Македонија | пред 1 час

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 18 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања