Промени тема
Контакт

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е на колена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

СДСМ со остра реакција ја обвини Владата предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека ја довела државата во тешка состојба, оценувајќи дека Македонија се соочува со економски пад, зголемен криминал и нарушување на институциите.

„На меѓународниот ден на шегата во Македонија ништо не е смешно“, соопштија од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека граѓаните се соочуваат со сериозни економски предизвици, со ниски плати и влошен животен стандард.

„Граѓаните живеат тешко, платите се најниски во Европа, работниците едвај врзуваат крај со крај“, соопштија од СДСМ.

Во реакцијата се посочуваат и економски показатели, при што се тврди дека има пад на индустриското производство и на странските инвестиции.

„Економијата оди надолу. Во јануари 2026 година има пад на индустриското производство за 9,4% и историски пад од 61% на странските инвестиции во 2025 година“, соопштија од СДСМ.

Партијата изнесува и обвинувања за корупција и злоупотреба на јавни средства.

„Цветаат само криминалот и корупцијата. 161 тендер за само една фирма, 51 тендер за омилената компанија на власта преку општините, 9 милиони евра за фирма со еден вработен, 1,2 милиони евра преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ“, соопштија од СДСМ.

— реклама —

Во делот за правосудството, СДСМ оценува дека институциите се под политичко влијание.

„Правото и правната држава се погребани. Се врати времето на судиите и обвинителите од ‘тефтерчињата‘ и целосната контрола на власта над правосудството“, соопштија од СДСМ.

Партијата тврди дека се прават обиди за ревидирање на случаи од минатото.

„Се подготвува враќање на Никола Груевски. Преку дискредитација на предметите од СЈО и релативизирање на пресудите за нивно поништување“, соопштија од СДСМ.

— реклама —

Во реакцијата се наведува и дека се намалуваат медиумските слободи и се врши притисок врз јавноста.

„Се гуши слободата на говор со декрети во Собранието, се намалуваат медиумските слободи, над 40% од медиумите се под контрола на ВМРО-ОКГ преку Орбан“, соопштија од СДСМ.

Дополнително, СДСМ оценува дека државата се соочува со пад на меѓународните индикатори за корупција.

„На листата на Транспаренси интернешенал Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија“, соопштија од СДСМ.

— реклама —

Од партијата тврдат дека земјата се движи кон изолација од Европската Унија.

„Власта свесно ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за да може да течат криминалните тендери зад грбот на народот“, соопштија од СДСМ.

Во завршницата, СДСМ оценува дека актуелната власт ги загрозила националните интереси.

„Мицкоски ги предаде македонските национални интереси. Наместо горда, Македонија денеска е на колена“, соопштија од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 15 часа

media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Македонија | пред 20 часа

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања