Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Унгарија ја тужи Европската унија поради користење на замрзнатата руски имот за помош на Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Унгарија поднесе тужба против Европската унија поради одлуката приходите од замрзнатите руски средства да се користат за воена поддршка на Украина. Судот на Европската унија ја примил тужбата на 25 август.

— реклама —

Спорот се однесува на одлука на Советот на ЕУ со која речиси целокупните камати од замрзнатите руски средства се пренасочуваат кон Украина преку Европскиот инструмент за мировна поддршка. Се проценува дека станува збор за три до пет милијарди евра годишно. По почетокот на руската инвазија, западните земји замрзнаа околу 300 милијарди долари руски државни средства, од кои најголемиот дел се наоѓа во Европската унија.

— реклама —

Владата на Виктор Орбан бара поништување на одлуката, тврдејќи дека е донесена спротивно на европското право и дека не е почитувано правото на вето на Унгарија. Будимпешта нагласува дека како земја која не учествува во финансирањето на инструментот не може да биде обврзана од неговите одлуки. Постапката може да трае со години, а во меѓувреме помошта за Украина ќе продолжи преку други механизми.

— реклама —

Ова е веќе втора тужба на Унгарија против вакви одлуки, по првата поднесена во јуни 2024 година. Правниот спор се одвива во услови на заострени односи меѓу Киев и Будимпешта, кои дополнително се влошија по украинските напади со дронови врз нафтоводот „Дружба“, преку кој нафтата стигнува и во Унгарија и во Словачка.

Од почетокот на војната во 2022 година, Европската унија и земјите членки имаат обезбедено речиси 186 милијарди долари финансиска, воена и хуманитарна поддршка за Украина, од кои 12,8 милијарди преку Европскиот инструмент за мировна поддршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 15 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 16 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 19 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања