Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Израел ја укина хуманитарната пауза, Газа прогласена за „опасна борбена зона“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израелските власти денеска соопштија дека војската пронашла тела на двајца заложници, меѓу кои и еден убиен за време на нападот на 7 октомври 2023 година, со кој започна војната. Според соопштението од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, телата на Илан Вајс и уште еден, засега неименуван заложник, биле донесени од Газа.

— реклама —

Од вкупно 251 лице кои беа киднапирани од страна на милитантите предводени од Хамас пред речиси 22 месеци, околу 50 и понатаму се во Газа, а израелските власти проценуваат дека дваесетина од нив се сè уште живи.

— реклама —

Истовремено, израелската војска ги укина дневните паузи во борбите што досега овозможуваа испорака на хуманитарна помош во градот Газа. Во новото соопштение, Газа е прогласена за „опасна борбена зона“.

— реклама —

Т.н. „тактички паузи“ се однесуваа на градовите Газа, Деир ал Балах и Муваси, каде се засолнаа стотици илјади веќе раселени лица. Израел ги воведе овие прекини на огнот додека ја подготвуваше офанзивата врз градот Газа, за која беа мобилизирани десетици илјади воени резервисти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху побарал средба со кралот на Јордан, сите покани се одбиени

Свет | пред 9 часа

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Ново вооружување: Десетици илјади гранати за израелската армија

Свет | пред 18 часа

media-library99mhdrsrno4s5BYH4zw

Нападат центар за итна помош во Либан, избувна голем пожар

Свет | пред 18 часа

izrael

Скандал за Цветници: Израелска полиција го запре влезот на кардиналот во свето место

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања