Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Јас сум предмет на црна кампања, a оваа Влада во историјата ќе биде запишана како фуснота, немаат ништо направено, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
filipce

„Јас сум предмет на црна кампања на ВМРО-ДПМНЕ повеќе години наназад,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизија Сител, одговарајќи на нападите на власта околу неговиот приватен одмор.

— реклама —

„Прво ми препишуваа некаква куќа во Нерези, па авиокомпанија во Дубаи, па стокатница во Дубаи, па сега еве јахта... Нема да се изненадам ако зимава застанат и се сликаат пред некоја куќа во Сент Мориц и кажат дека е моја,“ рече Филипче.

— реклама —

Тој нагласи дека во отсуство на реални резултати, владејачката партија се потпира исклучиво на дезинформации и медиумски спинови.

— реклама —

„Немаат што да прават друго, поради тоа што апсолутно нема никаков перформанс во владата. Немаат со што да се пофалат, ги демонтираме во сите мерки и бројки,“ истакна тој.

Филипче оцени дека граѓаните веќе ги чувствуваат последиците од, како што ја нарече, неспособноста на власта: раст на цените, поскапени основни трошоци, економски слабости и целосно изостаната визија.

„Сметам дека оваа влада ќе оди во историјата како една фуснота, затоа што буквално ништо нема да направат,“ заклучи лидерот на СДСМ.

Тој потенцира дека Социјалдемократскиот сојуз останува фокусиран на реалните проблеми и на борбата за економски и социјален напредок, додавајќи дека „црните кампањи нема да го променат фактот дека граѓаните живеат сè потешко – и тоа е директен резултат на неспособна, расипничка и конфузна власт“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 5 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 7 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 10 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања