Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски наместо да најавува нова зона во Ново Лисиче најавена уште пред 4 години од Тимчо Муцунски и Данела Арсовска, нека го одложи стартот на зоната во Реонски Центар со цел да ги воведе и двете зони истовремено. Тоа е барањето на граѓаните, велат од СДСМ Аеродром.

„Го потсетуваме  Орце Ѓорѓиевски дека неговиот колега Дејан Митески уште во јули минатата година изјави дека Општина Аеродром изготвила проект и дека чека одобрување од Град Скопје за истовремено воведување на зонското паркирање во Ново Лисиче и во Реонски Центар.

— реклама —

Граѓаните не забораваат. Истовременото воведување на зонското паркирање во Ново Лисиче и Реонски Центар е предизборно ветување на Дејан Митески.

— реклама —

Трпението на жителите на Ново Лисиче е при крај. Градоначалникот Митески наместо да дели лекции за надлежностите на Општина Аеродром, нека седне со својот колега од Град Скопје и нека го договорат истовременото воведување на зонското паркирање во Ново Лисиче и во Реонски Центар.

Парцијалното воведување на зонско паркирање прво во Реонски Центар, ќе предизвика уште поголемо продлабочување на хаосот со паркирањето во Ново Лисиче. И тоа Дејан Митески и Орце Ѓорѓиевски многу добро го знаат.

— реклама —

Тоа што не го знаат е очигледно дека нивниот инает само го зголемува револтот на жителите на Ново лисиче кои немаат намера да останат неми во однос на ова прашање.

Го потсетуваме Дејан Митески дека денеска е последен ден кога може да ја закаже итната седница на Советот на Општина Аеродром и заедно со Орце Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот што вештачки го создадоа.  Доколку тоа не го направи нека биде подготвен да се соочи со револтот на нашите сограѓани од Ново Лисиче“, се вели во соопштението.

media-libraryseehb2dk44kifARK4ku

Жителите на Ново Лисиче на протести од 1 април, доколку институциите не одговорат на барањето за одложување на зонското паркирање во Реонски центар

Жителите на Ново Лисиче најавуваат протести од 1 април, доколку надлежните институции не одговорат на нивното барање за одложување на селективното воведување на зонско паркирање во Реонски центар.Преку групата „Ново Лисиче“, тие информираат дека досега немаат добиено никаков одговор од Општина Аеродром и Град Скопје, и покрај доставеното барање за паралелна имплементација на зоните во Ново Лисиче и Реонски центар.Граѓаните потсетуваат дека токму градоначалниците Дејан Митески и Орце Ѓорѓиевски в

Скопје | пред 6 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 19 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 21 час

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања