Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Платите растеа двојно побрзо во време на СДСМ, денес граѓаните едвај врзуваат крај со крај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
VenkoFilipceSDSM

„Кога двете ќе ги споредите, растот на платите во времето на СДСМ, индексно гледано, беше 11%, сега е 4%. Ако сакате во номинални бројки – растот на платите тогаш беше 15%, а сега е само 8%,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизија Сител.

— реклама —

Тој потсети дека ваквиот раст бил постигнат во услови на глобални кризи, кога државата издвојувала дополнителни 2 милијарди евра за поддршка на граѓаните и компаниите. „Тие средства беа за зачувување на работните места и спас на фирмите,“ рече Филипче.

— реклама —

Како пример ги наведе зголемувањата на минималната плата – од 8.000 на 22.000 денари, како и на просечната плата – од 22.000 на над 40.000 денари.

— реклама —

Наспроти тоа, денеска, според Филипче, граѓаните се соочуваат со енормни поскапувања без реална помош од владата. „Потрошувачката кошничка, која споредуваме ова лето со минатото, од 60.000 е дојдена до 65.000 денари. Не може да се дозволи повеќе од две минимални плати да бидат потребни за основна кошничка, а сега се потребни три,“ истакна тој.

Филипче предупреди дека ваквата состојба најдиректно го удира животниот стандард: „Граѓаните не можат крај со крај да излезат. Што им кажува владата? Да немаат еден оброк во денот? Тоа ли сака владата да каже? Или сака тоа да го изманипулира со некакви ПР трикови? Па во маркет граѓаните плаќаат со недоволните средства што им ги дава владата, а не со ПР-триковите на ВМРО-ДПМНЕ.“

На крај, тој подвлече дека власта се обидува да ја прикрие економската немоќ со напади врз опозицијата. „Апсолутно лош перформанс, кој сакаат да го покријат со црни кампањи,“ рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 5 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 7 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 10 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања