Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Ројтерс“: Трамп и нареди на Европа да прекине со увоз на руска нафта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
nafta

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на европските лидери дека мора да го прекинат увозот на руска нафта, затоа што на тој начин ѝ помагаат на Москва да го финансира војувањето во Украина, пренесе „Ројтерс“ повикувајќи се на висок претставник на Белата куќа.

— реклама —

Републиканскиот претседател се приклучи на состанокот на „коалицијата на подготвени“, предводена од францускиот претседател Емануел Макрон, на кој тема беа безбедносните гаранции во случај на мировен договор со Русија.

— реклама —

„Претседателот Макрон и европските лидери го поканија претседателот Трамп на нивниот состанок. Трамп нагласи дека Европа мора да престане да купува руска нафта со која се финансира војната – бидејќи Русија само за една година инкасирала 1,1 милијарда евра од продажба на гориво на ЕУ,“ изјавил претставникот на Белата куќа.

— реклама —

Американскиот претседател посочил и дека европските држави треба да создадат економски притисок врз Кина поради нејзината поддршка на Москва. Европската комисија предложи целосен прекин на увозот на руски гас и нафта до 1 јануари 2028 година.

Според „Ројтерс“, Трамп е фрустриран поради тоа што не успева да го запре конфликтот во Украина, иако во изборната кампања тврдеше дека ќе го стори тоа за 24 часа по враќањето во Белата куќа.

На состанокот на „коалицијата на подготвени“ присуствуваа и украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таму, Трамп ја доведе во прашање „сериозноста на европските држави“ во обидите да се сопре војната, додека истовремено продолжуваат да ја поддржуваат руската економија. „Претседателот јасно стави до знаење дека тоа не е неговата војна и дека Европејците мора повеќе да се докажат,“ изјавил изворот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

h_57503169

Путин: Русија не ја исклучува можноста за подобрување на односите со европските држави

Свет | пред 3 дена

media-library89lcaqvsrfbb1FNm12j

(Видео) Путин го прекина говорот поради кашлица, Кремљ се огласи по шпекулациите за неговото здравје

Свет | пред 3 седмици

h_57503169

Путин: Би можеле да го прекинеме снабдувањето со гас за Европа

Свет | пред 3 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин успеа да ја раздели Коалицијата на доброволци

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања