Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Смртоносен напад од ајкула на популарна плажа во Сиднеј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
42c5595a-c4cd-49f0-8823-ce2b88d9fca2

Маж загина утрово по напад од ајкула на плажата Лонг Риф во Сиднеј, јави Би-Би-Си. Спасувачките и итните служби успеале да го извлечат од морето, но и покрај обидите за реанимација, тој починал на самото место. Полицијата соопшти дека нашле два делови од даска за сурфање кои се испратени на вештачење.

— реклама —

Инцидентот предизвика затворање на повеќе плажи во областа Северни плажи, популарна дестинација за сурфери и туристи. Нападот се случил нешто по 10 часот наутро по локално време, а жртвата се здобила со критични повреди. Засега идентитетот на мажот не е официјално објавен. Експерти ќе утврдат за која вид ајкула станува збор.

— реклама —

Ова е првиот смртоносен напад од ајкула во Сиднеј од 2022 година, кога живот го загуби британскиот инструктор за нуркање Сајмон Нелист по напад од голема бела ајкула. Претходно, последен ваков случај бил забележан во 1963 година.

— реклама —

Иако Австралија годишно регистрира околу 20 напади од ајкули, главно во Нов Јужен Велс и Западна Австралија, смртните исходи се ретки. Според повеќе од еден век статистика, просечно помалку од една личност годишно умира од вакви напади, што ја прави денешната трагедија уште пошокантна за локалната заедница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Австралија ги преполови акцизите за гориво за да го ублажи ценовниот удар

Свет | пред 15 часа

media-libraryrgil7tncv4e3aKeOVmA

Закон без целосен ефект: Децата лесно ја заобиколуваат забраната за социјални мрежи во Австралија

Свет | пред 16 часа

media-library3q18csuo1nun21sFyW2

По седум месеци потрага: Убиен осомничениот за двојното убиство во Австралија

Свет | пред 16 часа

media-library73mb43plnjnedbO1FnU

(Видео) Апокалиптично црвено небо над Западна Австралија

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања