Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Власта се исмева со скопјани - носител на листата е лице поврзано со Дрисла“, реакција на Штерјова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
Screenshot-2025-09-16-123432

Кандидатката за советничка на СДСМ во Скопје, Кети Штерјова, остро реагираше на одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за носител на советничката листа во Град Скопје да го постави претседателот на Управниот одбор на депонијата „Дрисла“, Даме Димитровски.

— реклама —

„Додека скопјани со денови се гушат во канцерогени честички од пожарите во Дрисла, ВМРО-ДПМНЕ го наградува човекот кој носи одговорност за оваа состојба,“ изјави Штерјова, оценувајќи ја одлуката како „невиден скандал и навреда за граѓаните“.

— реклама —

Таа потсети дека Димитровски, покрај функцијата во „Дрисла“, е и актуелен советник на премиерот Христијан Мицкоски за животна средина. „Тоа покажува дека власта арогантно се исмева со скопјани и ги понижува,“ додаде таа.

— реклама —

Штерјова нагласи дека депониите продолжуваат да горат, воздухот е загаден, а, според неа, власта не презема ефикасни мерки за да ја заштити здравствената состојба на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 34 минути

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 2 часа

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ - предадени се националните интереси

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања