🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

САД со писмо се обратија до Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

— реклама —

Писмо од помошникот државен секретар А. Вес Мичел до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски – 16 октомври 2018

Почитуван Христијан,

Како што веќе разговаравме, Соединетите Држави силно веруваат дека Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција е историска можност за Македонија да обезбеди посветла иднина и да придонесе кон регионалната безбедност, стабилност и просперитет. И покрај тврдењата дека  можел да се постигне некаков “подобар договор”, ние не веруваме дека тоа е можно.  Овој договор бараше компромис и од двете страни.  Тоа е прилика што веројатно нема да се повтори со години, ако не и со децении.

— реклама —

Нема да Ве изненади што ние сме разочарани од позициите на челниците на ВМРО-ДПМНЕ како во однос на референдумот, така и во врска со чекорите во Собранието за промена на Уставот.  Уште од осамостојувањето на Македонија, граѓаните од сите заедници и партии, вклучувајќи ја и Вашата, силно го поддржуваат пристапувањето на земјата кон НАТО и кон ЕУ. Сега Собранието е на ред да го преземе следниот, одлучувачки чекор.  Ве поттикнуваме да создадете простор, во јавноста и приватно, за пратениците од Вашата коалиција да одлучат како ќе гласаат за уставните промени, ослободени од закани од насилство, одмазда, или друг облик на принуда.

Ова е историски важен момент за Вашата земја, момент што бара храбро лидерство и зрелост. Како вистински пријател и поддржувач на Македонија, Ве поттикнуваме да ги тргнете настрана партиските интереси со цел унапредување на заедничките стратешки интереси и обезбедување на посветла иднина за вашите граѓани во европското семејство на народи.

Со почит,

А. Вес Мичел

Ова е линкот до оригиналното писмо:http://mk.usembassy.gov/letter-from-assistant-secretary-a-wess-mitchell-to-vmro-dpmne-leader-hristijan-mickoski-october-16-2018/ 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања