пон. Сеп 16th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Се избира петтиот претседател на Република Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијат, и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.

Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Град Скопје и на 32 во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.

Гласачките места ќе бидат отворени од седум до 19 часот. Претседателските избори, ќе ги следат 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи, акредитирани од ДИК.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close