На 25.04.2019 година околу 02.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Девеани“ во Битола настанал пожар во барака сопственост на М.Р.(60).
Во пожарот бараката целосно изгорела. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. Увид извршила екипа од СВР Битола.
