Македонија

Новинар на ФАЗ до Пендаровски: Груевски ме натера да ја поддржам промената на името

Новинарот на водечкиот германски дневен весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, Маркус Мартенс, на неговиот твитер профил саркастично му одговори на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски.

Имено, во дебатата која се одржа на МРТ завчера, Пендаровски обвини дека текстовите кои ги објавува ФАЗ, се пишувани од Никола Груевски.

„Вусшност, господинот Пендаровски е во право. Секое утро во 9 часот (во недела во 9 и 30), Никола ме бара за да ми ги наметне неговите идеи кои јас потоа ги објавувам како мои. Токму поради тоа јас го поддржав договорот за промена на името без размислување. Тоа беше диктирано од Будимпешта“ – саркастично одговори Мартенс на неговиот Твитер профил.

На почеток