Синоќа околу 23 часот на улицата Гоце Делчев во населбата Воска пукано е со огнено оружје во близина на штабот на партијата ДУИ кој е лоциран на оваа улица.
Според првите непотврдени ифнромации пукано е од автомобил во движење, а во настанот оштетено е едно возило со охридски регистарски ознаки. Според непотврдени информации возилото било на случаен минувач и е подигнато за понатамошно вештачење.
Неколку мигови потоа се чуле истрели и блиску до куќата каде живее советникот Нефи Усеини , кој е и прв човек на ДУИ во Охрид.
Полицијата ја блокира улицата Гоце Делчев и вршеше увид на местото на настанот до раните утрински часови.
ПРВАТА ОБЈАВЕНА ИНФОРМАЦИЈА ( 23:18 часот 04,05,2019 )
Предмалку се пукало со огнено оружје кај штабот на ДУИ, лоциран на ул. Гоце Делчев во Охрид. Дознаваме дека е блокиран овој дел од градот, затоа што во моментов се врши увид.