Магазин

„Денови на ЦЕРН во Северна Македонија“ во МАНУ

Од 13 до 17 мај во МАНУ ќе се одржат повеќе настани во рамки на „Денови на ЦЕРН во Северна Македонија“ во организација на Природно-математичкиот факултет, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), а под покровителство на МАНУ.

Во 11:00 часот денеска ќе биде отворена изложбата „Истражување во ЦЕРН“ од авторите Лудвиг Добжински и Даниел Денегри и атомската игротека за деца, чиј автор е Мимоза Ристова.

Утре во рамки на „Денови на ЦЕРН во Северна Македонија“ ќе се одржи научен семинар „Денови на ЦЕРН во Северна Македонија“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток