Македонија

Сулејман Реџепи денес повторно не се појави во Обвинителството

Реисот Сулејман Реџепи и понатаму го игнорира обвинителството кое отвори предмет во кој истражува дали има говор на омраза во неговите изјави за кои имаше лавина реакции.

Тој денеска по трет пат беше повикан да се појави на распит, но, како што информираат од ОЈО,  Реџепи повторно не се појавил, пренесе Канал5.

Од ИВЗ за Канал 5 велат дека тој не бил уредно поканет, но не коментираат повеќе околу тоа дали и кога тој би се појавил во обвинителството.

Инаку, тој се најде на мета на критики откако изјави дека Македонците се диви и затоа немаат идентитет, на поставувањето камен темелник на џамијата во скопското село Арнакија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток