Магазин

Вучиќ до Тамара: Дали си свесна каков стандард постави?

Претставникот на „Евровизија 2005“, денес директор на Националниот aнсамбл за народни игри и песни на Македонија, „Танец“, Мартин Вучиќ јавно ја поддржа Тамара Тодевска.

„Тамара, дали си свесна каков стандард постави??? Жално е што немаме барем уште една две од твој ранг (да не бидам погрешно сфатен имаме пејачки надежни, како на пример оние исто така одлични вокали кои не се гледаа а допринесона за добра боја кои допрва ќе се докажуваат) па да се надеваме дека на некој друг ќе му се посреќи ова што за малку на тебе ти избега…Направи таков резултат(по мене во догледно време недостижен) што од следната година пак ќе бидеме среќни ако влегуваме барем во финале… Б Р А В О за цел тим, сите сме #PROUD“, стои во објавата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток