Магазин

Израелска министерка за настапот на Мадона: Не треба да се меша политиката во една културна манифестација

Министерка за култура на Израел, Мириса Регев го нарече „грешка” присуството на палестинските знамиња на грбовите на танчерите на Мадона за време на финалето на Евровизија.

„Тоа е грешка, не треба да се меша политиката во една културна манифестација, со сета почит што ја чувствувам кон Мадона”, изјави Регев на редовната неделна седница на Министерскиот совет.

Министерката ја критикуваше израелската медиумска организација Кан, која не си ја завршила својата работа, откако се појавија на екран палестинските знамиња.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток