Македонија

Заев на средба со Хан во Виена

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, денеска ќе учествува на Виенскиот економски форум „Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Македонија“.

Делегацијата, во која учествуваат вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, како и министерот за образование и наука Арбер Адеми на формумот, покрај дискусија за можностите за инвестирање во Македонија, ќе оствари и средби со претставници на реномирани австриски компании.

Во Виена, предвидена е средба на премиерот Заев со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток