Македонија

(ВИДЕО) Нанче на протестот за Алипашината џамија: Не ни треба крв, туку разум

Михаил Трендафилов – Нанче од „Совест“ вели дека Охрид се топи, а тие ќе бидат запишани во историјата дека ја предале Македонија. Нанче рече дека тие сакале легален начин да се заврши работата, а не крв да падне. На протестот протестираа жители на Охрид, кои даваа поддршка да се реши прашањето за Алипашината џамија. Протестот се одржа пред седиштето на Општина Охрид.

„Тие сакаат да ни стават нешто, за да кажат колку се големи. Овие се два голија. Секоја чест за ние што се собравме тука, а нечест за сите оние кои се кријат на Фејсбук и портали за да не ги сликаат. Нас крв не ни треба, туку разум и ум. Во Охрид сме 90 проценти христијани, а 10 муслимани. Тие раководат. 10 на 1 а тие се посилни. Тоа е затоа што и позиција и опозиција се борат кој повеќе да стави во џеб“, рече Нанче од Совест за џамијата.

Претставниците на „Совест“ укажаа дека градбата на минарето е нелегална и треба да се стопира.

Со жалење констатираме дека ниту Управата за заштита на културното наследство, ни Државната урбанистичка и градежна инспекција, ниту судот не се на ниво на своите надлежности и не покажуваат решеност да стават мораториум на градба, која макар задоцнето е прогласена за нелегална. Констатациите на испекциските служби од управата се само рефлексии од најавата за граѓански бунт и само обид за амнестија за направените пропусти од надлежните во издавање на конзерваторско одобрение. Испративме повеќе дописи до светскиот центар за културно наследство на УНЕСКО во Париз со цел да го исвести за немоќта на македонските државни институции. Добивме повратно известување дека проблемот со зголемен обем на нелегални градежни активности во заштитеното централно градско јадро, како и околу Али Пашината џамија ќе влезе на дневен ред на 43-та сесија на Советот во текот на оваа година, истакна Сашо Михајлоски од „Совест“.

„Ова е прв почеток. Нема да застанеме на ова. Ова е прв протест, а ние одиме натаму. Доколку општината не пројави интерес да го реши овој проблем. Доколку не дадат информации, ќе бараме помош од другите институции. Нема да прекинеме, ќе продолжиме додека не се реши проблемот“.  Охриѓани се чувствуваат изманипулирани и измамени. Не престануваме во својата борба за заштита на својот град од бесправно градежно дивеење со што неповратно ни се уништува градот. Ове е прв мирен протест, нема да оставиме работите туку така да исчезнат. Заедно со вас граѓаните будно ќе ги следиме случувањата, ќе алармираме и ќе учествуваме во решавањето на сите голиви проблеми со урбанистичкиот хаос, напомена Михајлоски.

Од здружението уште еднаш ги повикаа државата, надлежните инстититуции, градоначалникот и премиерот да ги преземат своите уставни надлежности и законот да важи за сите.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток