Македонија

Се судрија „БМВ“ и мотоцикл, едно лице со тешки повреди

На 25.05.2019 година во 16,35 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата “Иво Лова Рибар“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “БМВ“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Љ.Н.(23) од с.Десово-Долнени и мотоцикл “Кавасаки-500“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.З.(51) од Прилеп.

Возачот на моторциклот бил пренесен во Градската Болница-Прилеп каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток