До 8:30 часот утрово косовските специјални сили Росу вооружени до заби албански специјалци уапсиле 13 Срби, припадници на косовската полиција на север во Косово, јави Танјуг. Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ утрово изјави за РТС, дека косовски специјалци напаѓаат Срби на влез во Зубин Поток во обид да влезат во тоа населено место. Тој додаде дека косовските специјалци со оружје упаднале утрово во сите четири општини на северот во Косово. Според него, апсењата се извршени „поради некаква вмешаност на тие лица во организиран криминал“.
-Албанските екстремисти ова го направија за да ги заплашат нашите луѓе и ако е можно да предизвикаат паника, па со апсење за кои зборувавме претходните денови и кое го најавивме, да создадат клима за невозможен живот во Косово за Србите. Екстремистите и сепаристите посегнаа по најстрашните методи, а со согласност на меѓународните заедници. Ова претставува играње со мирот на тој простор, со цел Срби да нема повеќе на тоа место – заклучил Ѓуриќ.