Спорт

Манасков: Се надевам дека ќе ја завршиме сезоната со трофејот во Лигата на шампионите

Манасков препознатлив по својата одлична техника и брзи контри, говореше во интервјуто за ЕХФ и неговите очекувања за завршниот ракометен спектакл во Лигата на шампионите.

„Клубот секогаш цели на титулите, професионално мораме да се соочуваме со ваквите позитивни притисоци. Се чувствувам добро и среќен сум што и следната сезона ќе го носам дресот на Веспрем. Ова ќе биде моето прво учество на Келн, тоа е сон на секој ракометар. Се надевам дека покрај титулата во унгарскиот шампионат, ќе ја завршиме сезоната и со трофејот во Лигата на шампионите. Нема фаворити, двапати триумфиравме против Келце во групната фаза, но беше тесно“, изјави Манасков.

На 1 јуни во Келн први стартуваат Веспрем и Келце од 15.15 часот, а од 18.00 македонскиот шампион Вардар ќе ги одмери силите против Барселона.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток