Македонија

Заев за Ваљон Беља: Не можеме да дозволиме никој да игра играчки со институциии и со позицијата на која бил поставен

Зоран Заев денеска го искоментира разрешувањето на економскиот директор на Клиниката за Гинекологија Ваљон Беља.

„Со Валон Беља проблемите се од поодамна. Тој е меѓу оние директори кои беа дел од дебатата за промени. Тој веројатно кога слушна дека ќе биде променет истапи со вакви работи. Делот со индиции за одредени криминални дела истражните органи треба да го проверат, почнувајќи од Зоран Заев па натаму по хиерархија на извршната власт. Суштината да вака настапи директорот беше тоа што му беше соопштено од неговите дека ќе биде разрешен и тој тргна по тој пат. Затоа се случи одлуката на министерот веднаш да биде разрешен затоа што со соопштување на одлуката и неговиот начин на прифаќање на таа одлука, да тргне во тој правец, дефинитивно може да направи непоправливи штети, не заради тоа што ќе зборува за одредени работи, туку заради тоа што тропа глупости од секој можен аспект. Не можеме да дозволиме никој да игра играчки со институциии и со позицијата на која бил поставен – рече Заев.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток