Македонија

Собраниска делегација на Пролетната сесија на ПС НАТО

Во рамките на редовните заседанија на ПС на НАТО, на Пролетната сесија што ќе се одржи од 31 мај до 3 јуни 2019 г. во Братислава, Словачката Република, ќе учествува Делегацијата на Собранието на Република Македонија, предводена од пратеникот Илија Димовски, шеф на Делегацијата и членовите на Делегацијата – Катерина Кузмановска и Весел Мемеди, потпретседател на Собранието.

Пролетната сесија на ПС на НАТО се одржува во година кога се прославува 70-годишнината од основањето на Северноатлантската алијанса, 15-годишнината од пристапувањето на Словачката Република во истата и 15 години од одржувањето на првата парламентарна сесија на ПС на НАТО во Братислава.

Меѓу темите на кои ќе се дискутира на сесијата, се потврдувањето на вредностите на Алијансата, градење на нејзините капацитети за справувањето со идните предизвици, ситуацијата во Украина, вежбите на НАТО и научените лекции, развојот на безбедноста во североатлантскиот простор, безбедноста во Африка, односите меѓу НАТО и Русија, јакнењето на сабјер-безбедноста, како и за економските санкции како средство во надворешната политика. На Поткомитетот за транзиција и развој ќе се разгледува Предлог-извештајот за Република Македонија: политичките промени, пристапувањето во НАТО и економскиот развој, на известителот Ошрин Армонете од Литванија.

На пленарната сесија, предвидени се обраќања на Медлин Мун, претседателка на ПС на НАТО; Андреј Киска, претседател на Словачката Република; Андреј Данко, претседател на Националниот совет: Петер Пелегрини, премиер на Словачката Република; како и на амбасадорот Алехандро Алваргонзалез, помошник-генерален секретар за политички прашања и безбедносна политика на НАТО.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток