Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека не очекува последните тензии во Косово да имаат влијание врз безбедносната состојба во земјава. Според него, проценките на надлежните институции се дека состојбата се смирува.
– Во овој момент трендовите за загрозување на безбедноста се во надолна линија, состојбата се смирува и тоа се проценките за еден кус временски период, бидејќи таму долгорочни прогнози не можат да се направат, неблагодарно е, со сигурност да знаете што ќе се случува, изјави Пендаровски, кој денеска беше во прва посета на МО и на Генералштабот на Армијата.
