Македонија

Сончево и топло со температура до 36 степени

Денеска времето ќе биде претежно сончево со температури кои ќе достигнат до 36 степени Целзиусови.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 36 степени.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 33 Целзиусови степени, Маврово 23, Охрид 28, Битола 30, Кавадарци 36, Крива Паланка 28, Берово 28, Дојран 35 степени.

На почеток