Магазин

Македонскиот учесник за победничката на Гранд: И одржав час по пеење

Дарко Коцевски-Даринос – еден од македонските финалисти во 13-тата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, по завршување на шоуто се огласи на Фејбук.

Тој индиректно ја прозва Џејла и порача дека и одржал час по пеење, а публицитетот и квалитетот се две различни работи.

– Едно големо благодарам до сите што гласаа за мене (3900) гласови, со оглед на тоа дека воопшто не се замарав со тоа кој ќе гласа за мене(не креирав штабови за гласање и слично) зашто веќе се знаеше победникот уште не самиот почеток на ова натпреварување за жал, а сите бевме свесни за тоа… На тој „победник“ јас лично му одржав час по пеење така да публицитет и квалитет се две различни работи, но неважно… Јас лично сум презадоволен од освоеното 10-то место, се надевам и вие кои што гласавте за мене од мојот настап вечерта. А тоа што се случува со мене понатака само Бог ќе одлучи, во суштина одлучува за сите нас без разлика колку ние луѓето форсираме некој за било што во животот… А мене ми преостанува да ви пеам на сите и да ја споделувам мојата емоција со вас драги мои. Како и да е, честитки за победникот, напиша тој.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток