🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Во Македонија има 183 амбулантни возила, просечната старост на овие возила се 11 години, а 53 отсто добиени како донација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
brza-pomos

Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци на сите амбулантни и санитетски возила која е изработена врз основа на податоци обезбедени од здравствените институции во земјава.

— реклама —

Во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, со кои располагаат 47 здравствени институции.

„Просечната старост на овие возила се 11 години и дури 53 отсто се добиени како донација или на користење од друга здравствена институција. Најмногу амбулантни возила има во Скопје, 30 и во Охрид и Битола по 12. Следат Велес и Куманово каде што има по 8 амбулантни возила. Двете најстари возила се од 1988 година, а најупотребуваното има поминато дури еден милион и 360.000 километри“, се вели во соопштението.

— реклама —

Најмногу амбулантни возила има во Скопје 30, како и во Битола и Охрид по 12. Најголемиот процент се донации од Министерството за здравство, дел се купени од сопствен буџет на установата, некои пак  ги добиле од други  донации. Просечната старост им е по 11 години, најстарите две комбиња се постари од 30 години, а имаат поминато огромна километража.

Ако се направи споредба со возилата за службени потреби, за министерствата или општините - разликата е драстична. Тие располагаат со 2645 возила, што значи 15 пати повеќе превозни средства отколку за потребите на брзата помош.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања