„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Груевски до 8-ми ноември треба сам да се јави во затвор за опслужување на казната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

gruevski-sud-1-1021x580

Експремериот Никола Груевски до 8ми ноември го добил упатниот акт за во затвор, по изречената пресуда за случајот „Тенк“ на СЈО, потврди Основен суд Скопје 1.

— реклама —

Актот му бил предаден во судот, откако претходно, судскиот курир не можел да го најде на домашна адреса.

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“, односно набавката на луксузниот владин „мерцедес“.

— реклама —

Во образложението на пресудата, судијката Кацарска рече дека Поповски е виновен за злоупотреба на службената положба и овластување, додека Никола Груевски е виновен за примање награда за противзаконито влијание. Двајцата се задолжуваат да ги надоместат трошоците од 325. 584 денари.

Според образложението на судијката Кацарска, Груевски се договорил да глумат дека „мерцедесот” е на МВР, а не за него. „Премиерот не смее да ги потценува и омаложува граѓаните“, рече судијката при изрекувањето на пресудата и додаде: „Чест е да се биде носител на јавна функција, а посебно премиер кој треба да се грижи за интересите на граѓаните…”

Таа образложи дека Груевски успеал за себе да обезбеди „мерцедес”, кој бил криен од јавноста за да собере политички поени.

Ова е прва пресуда од предметите на СЈО од 5 активни обвиненија против поранешниот премиер. Нему му се суди и за предметите „Насилство“, „Титаник“, „Траекторија“ и ТНТ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања