СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Л.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 13.04.2019 година во село Черкези, кумановско, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „Фолксваген Пасат Вариант“, при што пронашле и одзеле хероин.
