„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Министерот што не се замараше со граѓаните си доби ново министерство, трската си гори, фекалии во езеро, а ние сме хистерични?, прашува Мицковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
trska-1-1

Додека Жерновски, Адеми и тоj мртвиот коњ од градоначалник си го шетаат газот до Баку, каде инаку презентираат лажен закон, функционер на нивниот коалиционен партнер си дига дивоградба/пицерија во центарот на Охрид, пишува на својот Фејсбук профил новинарот Ивор Мицковски.

— реклама —

„Дивоградбата со огномет, балончиња и сечење лента, му ја отвара градоначалникот на Струга, криминалец кој додека централните власти донираат 50 мил. евра за општините, тој си купува Ауди од 70 илјади евра.

Си гори трска, си присвојува имот и плажи, и никому ништо.

— реклама —

На се тоа, нашиот сакан и храбар премиер, им ветува на сопственици на дивоградби/хотели, дека ќе се погрижел да се легализира екочудовиштето.

Во Кочани, Швајцарија со донација од 21 мил. франци ни отвара пречистителна станица.

Охрид затвора плажи заради премногу фекалии во езерото. И некој си гомнар од министер без ресор, преварант пар еклселанс, ќе ни кажува дека дивоградбите во Охрид се броеле на прсти, а јавноста била хистерична.

Притоа ветуваа промени, наместо метла, уште една епска превара. Министерот што не се бавеше со граѓаните, и што за загадувањето ни кажуваше дека не сме ние Швајцарија, си доби ново министерство, Министерство за ДУИ, ни помалку, ни повеќе.

И ние сме биле хистерични...“, додава Мицковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања