Осветлувањето на Милениумскиот Крст не работи. Од вечерва, само дел од светилките на Крстот се функционални. Не е познато, која е причината, односно зошто Крстот на Водно не е целносно осветлен.
Милениумскиот крст на Водно доби нов систем за осветлување во 2015 година, кога блесна со нови 280 лед светилки. За реализација на проектот беа искористени и 198 илјади евра, средства добиени од спонзори.
Финансирањето на проектот и организацијата на работите беа реализирани од страна на компанијата „Балкан Енерџи Груп“, а значителни парични средства донираше и Леонид Лебедев, руски донатор и општествен деец. Kaрактеристични црти на новиот систем за осветлување се неговата висока енергетска ефикасност и економичност.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)