Македонија

Бектеши во посета на Женева

Министерот за економија Крешник Бектеши од денеска до среда ја предводи делегацијата од Република Северна Македонија на Втората ревизија на трговската политика во седиштето на Светската трговска организација (СТО) во Женева во која нашата земја е членка од 2003 година.

За време на посетата предвидени се билатерални средби на министерот Бектеши со Роберто Азеведо, генерален директор на Светската трговска организација (СТО), Изабел Дурант, заменик генерален секретар на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) и со амбасадорот Дагфин Сорли, постојан претставник на Норвешка во СТО и ЕФТА.

На почеток