Новинарот Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека во моментов полицијата врши претрес во станот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
„Најнови вести. Ексклузива:
1. Во овие моменти полиција е влезена во станот на Катица Јанева во Скопје. Се очекува привефување и 30 дневен притвор.
2. Сопатник на Боки 13 на граничниит премин Богородица била Лила Филиповска. По апсењето на Боки 13, таа останува во Фламинго плачејки и со лекарства за смирување.
3. Најдоцна до утре се очекува приведување на уште два обвинитела од СЈО (едно машко и едно женско лице, македонец и албанка) за рекет над Томче НОЕЛ од 600.000 евра.
4. Има уште еден случај кој е жежок, а се работи за судија во Основен 1, поранешен портпарол на судот. Се работи за рекет од 250.000 евра“, стои во објавата на Фејсбук
