Коментари

Која е вистинската причина за повлекувањето на Јанева, прашува Ванковска

Професорката Билјана Ванковска, објави статус на својот Фејсбук профил во кој вели дека не е доволно Јанева само да замине, туку и дека треба да се направи резиме на тоа колку пари фрливме во СЈО и какви резултати истото остави зад себе.

„Станав таков скептик и циник што дури и на апсењето на Коки и оставката на Кејти гледам со сомнеж (особено, второво). Ако е некаква сатисфакција, тогаш барем еден новинар покажа дека и како поединец можеш да извршиш јавен притисок врз институциите. Сепак, проблемите што ги имаме не се кадровски, туку системски – а тоа потешко се менува. Без секого се може и секогаш ќе се најде замена на штрафот во машинеријата…
Многу сакам да грешам.

Заминувањето на Јанева можеби ќе отвори простор за објективна проценка што се’ НЕ направи оваа од почеток видливо неспособна жена. Не е доволно само да замине, туку и да се направи резиме: колку пари фрливме во СЈО, зошто од неук правник направија икона, какви резултати остави зад себе и како понатаму?
П.С. После деталите од денешните апсења, се отвораат уште посериозни дилеми околу вистинската причина за повлекувањето на Јанева. Истрагата е во тек“, напиша Ванковска на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток