Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Нова замена на министри: Самка ќе го менува Аксел, Амди е морална поддршка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Самка Ибраимоски наскоро ќе го смени својот министер во Владата на Зоран Заев.

— реклама —

Како што дознава „Скопје 1“ наскоро ќе биде разрешен министерот без ресор Аксел Ахмедоски. Неофицијално ова доаѓа како последица на своевидното одметнување на Аксел Ахмедоски од контролата на Самка Ибраимоски. Како што дознаваме Ахмедоски почнал лобирање за смена на Самка Ибраимоски од кормилото на ПЦЕР, а во меѓувреме Амди Бајрам застанал на страна на неговиот коалиционен парнер Самка Ибраилоски.

— реклама —

Самка Ибраимоски за „Скопје 1“ вели дека кога ќе дојде време ќе кажи зошто е сменет Аксел Ахмедоски, и дека него никој не може да го смени од ПЦЕР до 2020 година.

— реклама —

„ Кога ќе дојде до смена тогаш ќе кажеме зошто. Како ќе ме разреши мене кога јас сум претседател на партија. А зошто да не останам на чело на партијата, сум до 2020 година, уште 4 години, членството ме бара. Се знае како се менува прецедател на Конгрес . Некој ако сака сам да си прави конгреси нека си прави, тоа е негова рабтоа. Јас сум претседател до 2020 година после тоа ќе видам дали ќе се кандидирам или ќе е некој друг.“ - изјави за „Скопје 1“ Самка Ибраимоски.

Амди Бајрам целосно застанува зад Самка Ибраимоски, и тврди дека Аксел Ахмедоски не знаел ни Ромски Јазик.

„ Ние со Самка сме во заедничка коалиција. Интересите се заеднички за Македонија и Ромите. Министерот не го постави на Самка , тој е лидер, а Аксел нестручно ја работи својата работа и не гледам успех кај министерот без ресор, не гледам активност. Прво не знае Ромски. Тој е од Делчево и нема искуство. Го поддржувам Самка, треба да го смени и да си стави свој лојален човек, а не да му копа гроб. Самка го поставил него, тој Аксел е никој и ништо нема избирачко тело . Самка може она што не одговара да го смени и така“ - изјави за „Скопје 1“ Амди Бајрам.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања