Македонија

Мицкоски: Јанева ме уценуваше

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски вечерва од Битола рече дека Катица Јанева го уценувала за да го одмрзне имотот на неговата партија.

-Јас јавно го повикав јавниот обвинител да ме повика да посведочам бидејќи бев предмет на уцена од страна на Катица Јанева кога таа бараше од мене да го поддржам Законот за јавно обвинителство, а сѐ со цел да го одмрзне имотот на партијата, кој што како нелегален тужител го замрзна, а судот под притисок на СДСМ и Обвинителството го потврди тоа барање, рече Мицкоски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Битола каде се одбележаа 29 години од формирањето на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

На почеток