Магазин

(ВИДЕО) Акробатка падна од 11 метри висина

Дваесет и осум годишна девојка, која работи во циркус како акробат, беше сериозно повредена по падот од висина од 11 метри додека ја извршуваше точката.

Публиката најпрво мислеше дека падот е дел од изведбата, а подоцна сфати дека се случила несреќа.

Девојката, Габи Соуза итно беше префрлено во болница, а четири дена по несреќата, девојката е во стабилна состојба, но сé уште има сериозни фрактури.

Циркузот „Рио“ во објава на „Фејсбук“ напиша дека Соуза “се смее во болницата”.

– Со задоволство можеме да кажеме дека Габи Соуза е на добар пат да се опорави по несреќа во шоуто. Сега таа се смее и сака да им се заблагодари на сите за желбата за брзо закрепнување – се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток