Македонија

Аквариус ќе ја отстрани платформата, а јавноста чека да види кој ќе ги следи ?!

Платформата која навлегува во Охридско Езеро на кафетеријата „Аквариус“ ќе биде првата тераса која ќе биде урната и тоа од страна на самите сопственици на објектот. Ова беше денес најавено на прес конференцијата по повод 30 години творештво на Драган Спасески Охридски.

Сега останува да видиме дали останатите кафетерии кои се нелегално влезени во водите на Охридско Езеро како и плажите кои се на узурпирано државно земјиште ќе го следат овој пример, како и советникот Нефи Усеини кој најави дека ако се уриваат останатите објекти, тој сам ќе си ја урне пицеријата дибоградба.

Благодарност до Аквариус искажа градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Сакам да се заблагодарам на тераса „Аквариус“ за искажаната еколошка свест и општествена одговорност. На повикот за заштита на градот први испратија писмо до локалната самоуправа дека први ќе ја отстранат платфортмата од Охридското Езеро, а после ќе видиме како овој простор соодветно и плански ќе го уредуваме. Од тука упатувам апел до сите да почнеме да го креираме новиот Охрид со една позитивна намера, а не со репресивни мерки на што не сакаме да бидеме принудени. – изјави градоначалникот Георгиески.

Според уметникот Драган Спасески Охридски „Аквариус“ станува центар на еколошката свест.

„Аквариус“ ќе постане центар каде ќе започне ревитализирањето на Охрид, односно на негово реконструирање. Ова место ќе биде дел од еден нов почеток на Охрид, зелен Охрид, еколошки Охрид, град со едрилици и безмоторни возила, со плажи достапни за сите граѓани и посетители кои ќе можат да чекорат низ стариот дел на градот. – истакна уметникот  д-р Драган Спасески Охридски.

На почеток