Македонија

Вељановски: Наместо решавање на проблемите на граѓаните, вие ја газите демократијата со одземање на мандатот на Груевски

Пратеникот Трајко Вељановски од говорницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања се пожали на корупирани институции и недостаток на правда. Неговото обраќање е за предлогот да се одземе мандатот на пратеникот Никола Груевски поради пресудата за случајот „Тенк“ каде тој е осуден на две години казна затвор.

„Се врши политички прогон. Денес се бара одземање на пратенички мандат. Ваквото владеење на процесот води до морално-општествени демонстрации. Наместо да се решаваат на проблемите на граѓаните, тука се делува хипнотизирана гласачка маса која не знае што ветила. Пресудата за пратеникот Никола Груевски е донесена во процес каде не е докажано колку е оштетена државата. Сега во тоа возило се возат сите странски гости“, рече Вељановски.

Ова е дефокусирање на јавноста, порача Вељановски, додавајќи дека со одземање на пратеничкиот мандат на Груевски се гази демократијата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе гласа против, додаве Вељановски, по што пратениците на опозицијата на напуштија салата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток