Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски вели дека не се врши политички прогон врз Никола Груевски, а во Македонија владее законот. Тој вели дека законите важат за сите, а никој не е над нив.
„Секој оној за кој има судска пресуда и одлука, дека ги прекршил законите, мора да одговара за своите постапки, без оглед на која функција се наоѓа сега. Тоа особено се однесува на личностите кои се избрани од граѓаните. За оние кои е докажано дека ги прекршиле законите, не смее да бидат дел од домот каде се носат законите“
Кирацовски побара Комисијата за мандатно-имунитетни прашања да се одземе пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Тој посочи дека Груевски не е достоен да биде пратеник.