Македонија

Боки криви на едната нога, одвај стоеше на нозе и имаше пречки во изразувањето

Боки едвај стоеше на нозе во судницата додека образлагаше зошто треба да се брани од куќен притвор.

За цело време на неговиот исказ Бојан Јованоски стоеше потпрен на стол, имаше потешкотии во зборувањето и тешко се изразуваше, но успеа да ги образложи аргументите.

Кога влегуваше во судницата, Јованоски кривеше со едната нога.

Адвокатот  на Боки 13 – Сашо Дуковски,  како еден од аргументите ја наведе здравствената состојба на Јованоски. Бранителот посочи дека имал две неуспешни операции, имало лекарска грешка при врзувањето на тенкото црево со желудникот. И Боки 13 во неговото обраќање пред судот најмногј се осврна токму на здравствената состојба.

– Покрај ова што го наведов за двете неуспешни операции со лекарска грешка е утврдено дека нерв од желудникот ми е пресечен, утврдено е и дека имам некаков проблем со белите дробови. Имам и 4 дијагнози утврдени кои се однесуваат на кичмениот дел. По многу од укажаните упатствија на лекарот за примање терапија, условите каде се наоѓам не го дозволуваат тоа. Она со што сакам да ве запознаам е дека тоа што немам физички проблем и што можеби изгледам добро не ја отсликува мојата здравствена состојба која е живогнозсгрозувачка. Јас во оваа постапка треба да бидам жив и здрав, а не мртов – рече Боки 13.

На почеток