Македонија

Апелацијата одлучува за притворот на Боки 13

Апелацискиот суд одлучува по барањето на Бојан Јовановски – Боки 13 за укинување на мерката притвор. Обвинетиот во предметот „Рекет“ денеска беше донесен во судот и побара пред медиумите да го образложи своето барање за да излезе од притвор.

Адвокатот од Јованоски Сашо Дуковски изјави дека истрагата е завршена и Боки 13 нема можност да ја попречува постапката, ниту пак да влијае врз сведоци. Од Вишото јавно обвинителство пак бараат обвинетиот во предметот „Рекет“ да остане во притвор.

– Судот треба да го одбие предлогот на осомничениот. Постои опасноста од повторување на делото и опасноста од бегство – посочуваат од обвинителството.

Инаку прво осомничениеот во аферата „Рекет“ Бојан Јовановски до сега во притворот  „Шутка“ е 81 ден.

На почеток